Во македонското млеко нема присуство на афлатоксин над дозволеното ниво, а се контролира и сточната храна во земјава, тврди министерот за земјоделство, Љупчо Димовски.
Тој вели дека секој ден редовно се вршат контроли од страна на преработувачите во нивните сопствени лаборатории, но интезивирани се и контролите што ги спроведува Агенцијата за храна и ветеринарство.
“Освен увезеното млеко, редовно се контролира и внесената сточна храна во земјава, особено од соседните држави. Се врши контрола на секој увоз на земјоделско – прехранбените производи воопшто, за да се заштита здравјето на домашните потрошувачи“, изјави министерот Димовски.