Турскиот бренд за производство на апарати за домаќинство Arçelik, којшто е во сопственост на Koç Holding, потпиша договор за преземање на компанијата Dawlance од Пакистан за 258 милиони долари, пишува Хуријет.
Dawlance, компанија за различни видови на апарати и технолошки уреди, е основана во Карачи во 1980 година. Има два производни погони во Карачи и Хидерабад, 16 регионални канцеларии и 2.000 продажни места низ земјата. Во 2015 година оствари приходи од 221 милион долари и добивка пред оданочување во висина од 45 милиони долари.
“Следејќи ја визијата на нашата групација, Arçelik направи значајни инвестиции во Пакистан за да ја оствари глобалната стратегија за раст. Се надевам дека инвестицијата ќе ги зајакне економските врски меѓу Турција и Пакистан. Со вклучување на Dawlance во нашата групација, ќе добиеме силен стратешки партнер во Пакистан“, изјави Левент Чакироглу, главен извршен директор на Koç Holding.
Преземањето ќе му помогне на Arçelik да се прошири на брзорастечките пазари и го зајакне присуството во азиско – пацифичкиот регион. Трансакцијата се очекува да се затвори на крајот на оваа година.