Горивата од полноќ ќе се продаваат по нови и пониски цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Бензинот Еуросупер БС – 95 поевтинува за два денари и ќе чини 61 денар, додека цената на Еуросупер БС – 98 се намалува за 1,50 денари ќе изнесува 63 денари за еден литар. Еуродизел (Д-Е V) поевтинува за половина денар, по што новата цена ќе му биде 49 денари за литар.
Според одлуката, за половина денар поевтинува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), чија нова цена ќе биде 37,50 денари за литар.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,125 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.06.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 22,913 ден/кг.