Стартапот AgIC, со седиште во Токио, дизајнираше пенкало со специјално сребрено мастило што може да спроведува електрична енергија на хартија, пишува Mashable.
Сè што треба да направите е да ставите LED светилки и батерии на сјајна фото – хартија и да нацртате линија што ќе ги поврзе двете. Штом сребреното мастило од пенкалото ќе ги поврзе батеријата и LED светилката се појавува светлината.
На видеото подолу, објавено од страна на јапонската градежна компанија Kandenko, може да видите интересни минијатурни 3D осветлени структури создадени со помош на пенкалото AgIC и малку креативност.