Германија планира воведување на нов закон со којшто производителите на автомобили опремени со функции за автоматско управување ќе мора да вградат “црна кутија“, којашто ќе помогне при утврдување на причини за настаната сообраќајна несреќа, пишува Reuters.
Германскиот министер за сообраќај, Александер Добриндт, го претстави предлог законот со којшто возачите не мора да бидат сконцентрирани на сообраќајот и да управуваат со автомобилот, но мора да бидат седнати зад управувачот за да можат навремено да реагираат во итни ситуации.
Од производителите ќе биде побарано инсталирање на ’црна кутија’ што ќе снима кога е активиран системот за автоматско управување.