Британската компанија за производство на чај и кафе, Taylors od Harrogate, го создаде луксузниот “хотел“ за пчели – Grand Beedapest Hotel, пишува Inhabitat.
Преку овој минијатурен хотел, компанијата сака да ја потенцира важноста на пчелите и да ги поттикне луѓето да направат нешто за нив.
“Нашиот луксузен хотел за пчели е модерен, но ние го создадовме за да привлечеме што е можно поголем број крилести гости. На тој начин, сакаме да ги охрабриме луѓето да ги направат своите домови и градини попријатно место за пчелите“, велат од компанијата.
Во минијатурниот хотел, пчелите можат да “уживаат“ во базен со ливчиња од нане, ресторан од рози и полен, како и во луксузниот апартман со бања од шеќер.