Металуршката компанија Макстил од први јануари до 30-ти јуни оваа година работеше со добивка од 1.064.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во првото полугодие од 2015 година, компанијата прикажа добивка од 1.718.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во пресметковниот период достигнаа 1.785.453.000 денари. Од тој износ, 366.371.000 денари се остварени на домашен пазар, додека поголемиот дел од 1.419.082.000 денари е реализиран на пазари во странство.