Golchi – паметен термос со 15 функции

69

36e537ae45f7677da4b31ad74a021f4b_original

Старт – ап од Чикаго создаде термос во којшто истовремено може да се носи и топол и ладен напиток. Како што велат креаторите, ладните пијалаци можат да ја задржат својата температура до 24 часа, додека топлите остануваат топли 12 часа.

Централниот дел на Golchi располага со дополнителен капацитет од 100 ml каде може да се носат и останати секојдневни намирници како кесички со чај, грицки, лекови, клучеви, итн.

Широкиот отвор на долниот дел на термосот овозможува користење на истиот како сад за храна. Термосот не протекува, има екстра заштитен слој од допир со нечистотии, може да се мие во машина за садови, големината се вклопува во повеќето држачи во автомобилите, џебовите на ранците и чантите.

Стартапот има своја кампања на Kickstarter каде досега имаат собрано над 276.000 долари од првично побараните 30.000 долари, а истата трае уште 14 дена.