Италијанскиот производител на кондиторски производи, Ferrero, планира да го купи белгискиот производител на бисквити Delacre, пишува Flanders news.be.
“Ова е можност да истражиме интересен пазар на којшто Ferrero не е присутен во овој момент и којшто има значителен потенцијал за раст“, велат од компанијата за весникот La Stampa.
Италијанската мултинационална компанија направи понуда преку една од нејзините компании – ќерки.
Delacre е компанија основана во Брисел во 1879 година. Од 1998 година, оваа компанија е во сопственост на турската групација Yildiz Holding, којашто е сопственик на белгискиот производител на чоколади Godiva.
Познатиот италијански бренд Ferrero, стои зад производството на Kinder, Nutella, Tic Tac и Mon Cheri. Компанијата на крајот на фискалната 2015 година (што завршува на 31.08.2015 година) оствари промет од 9,54 милијарди евра.