Американскиот производител на електрични автомобили Tesla Motors ја купува енергетската компанија Solar City за 2,6 милијарди долари, пишува Wall Street Journal.
Преземањето на оваа компанија за Tesla ќе значи двојно зголемување на бројот на вработени, кои ќе имаат голема стручност во соларната енергија.
“Ова е само дел од решавањето на проблемите со сончевата енергија. Од таа причина, ние го забрзуваме воведување на одржлива соларна енергија во светот“, изјави Елон Маск.
Тој поседува 26% удел во Tesla, како и 22,5% удел во Solar City. Неговиот главен мотив за обединување на Tesla со Solar City е во најголема мера поврзан со системот за батерии за акумулирање на сончева енергија за приватни и деловни објекти.