Пелистерка достави 50.000 литри вода во настраданите места од поплавите

45

PelisterkaМакедонската компанија Пелистерка достави 50.000 литри вода за пиење во местата кои најмногу беа погодени од завчерашното големо невреме што го зафати скопскиот регион, стои во соопштението.

Вработените во Пелистерка самите ја доставија водата во погодените подрачја во скопско, бидејќи таа во моментов им е најнеопходна на тамошните жителите со оглед на тоа дека поплавите и големите наноси кал ги загадија водоводите и водата не е безбедна за пиење.

“Со големо жалење ја примивме веста за катастрофалните последици од невремето и поплавите кои однесоа многу човечки животи. Солидарноста во вакви случаи треба да е најсилна и секој да помогне во рамките на своите можности. Ова е само еден мал гест со кој се обидуваме барем малку да им помогнеме на настраданите да го надминат овој тежок период“, велат од Пелистерка.