Турскиот туристички центар Анталија, некогаш трета туристичка дестинација во светот, се соочува со најлоша туристичка сезона, главно поради руската криза, загриженоста поради безбедноста и политичките проблеми во земјата.
Во првите седум месеци од оваа година, според податоците на аеродромот во Анталија, бројот на туристи е намален скоро за половина, пишува Хуријет.
Најголем пад на посети има кај европските и руските туристи, додека благ раст има кај гостите од Украина.