Управниот одбор на Адинг донесе одлука за набавка на четири тони средства за хигиена (течен сапун, средства за дезинфекција, средства за чистење санитарии и сјај), како и набавка на 100 лопати и 100 пара заштитни ракави.
“Понатаму, во процесот на санација и обнова на оштетените домови, ќе бидат донирани соодветни потребни материјали од нашата производна програма. Вредноста на оваа донација е 250.000 денари, коишто ќе бидат еднакво распоредени на пет оштетени домови по 50.000 денари поединечно“, стои во соопштението на компанијата.
Од осми август, како што се наведува, на располагање е ставено товарно возило за превоз на хуманитарна помош донирана од граѓаните.