Во поголемите трговски ланци во Србија почнаа да се продаваат производи со големи попусти поради истекување на рокот на траење. На полиците, означени како Производи на попуст поради истекување на рокот на траење, се продаваат намирници со ден – два пред истекот на рокот и со снижување и до 50%.
“Тоа е добра трговска пракса. Инаку, тоа постојано се прави во светот. Смисолот на декларацијата и рокот на траење е во тоа дека до назначениот ден се гарантира безбедност на производот. Секако, тој производ може да се користи до назначениот ден, но и два-три дена подолго”, вели Петар Богосављевиќ од Движењето за заштита на потрошувачи за Блиц.
Ваквиот потег на маркетите го поддржуваат и од Националната организација на потрошувачи на Србија, од каде велат дека трговците, всушност, имаат законска обврска видно да ги означат намирниците на кои им се ближи истекот на рокот на траење.