Италија ќе го задржи првото место на најголем произведувач на вино во светот, објави здружението на лозари Coldiretti по првата берба оваа година.
Бербата оваа година треба да биде за 5% подобра во однос на претходната година, кога изнесуваше 47,5 милиони хектолитри. Италија минатата година беше пред ривалот Франција, а оваа година се предвидува помало производство во Франција поради мразовите и пролетните невремиња, пишува Seebiz.