Too Good To Go е апликација за мобилен телефон преку која корисниците можат да нарачаат остатоци од храна од ресторани по многу евтини цени, пишува Huffington Post. Моментално апликацијата е достапна само во Велика Британија, а целта е да се намали фрлањето на добра храна.
Корисниците треба само да се логираат, да одберат ресторан и да платат преку апликацијата. Потоа само ја земаат храната, обично на крајот на денот или по времето за главните јадења. Освен тоа, храната може и да се донира на оние кои не се во можност да си купат оброк, а за тоа е потребно само доплата од една британска фунта (или повеќе) преку истата апликација.
Досега на овој начин се донирани повеќе од 1.100 оброци. Корисниците не можат да одберат во целост јадење какво што сакаат, но имаат добра претстава од тоа што ќе остане, па си прават свои комбинации.
Иако апликацијата е криерана минатата година во Данска, истата беше за прв пат испробана во Велика Британија годинава, а планирано е да се прошири и во други земји. Досега Too Good To Go So има спасено околу 600 оброци од депониите. Нарачките преку апликацијата чинат од 2,60 долари до 5 долари.