cTrain – воз што се движи над автомобилите и не предизвикува метеж

44

Caterpillar-Train-6-1020x610Инженер од компанијата  Indian Railways со својот изум Caterpillar Train (cTrain) неодамна ја освои наградата MIT Climate CoLab, пишува Inhabitat. Подигнатиот воз на Индиецот Ашвани Кумар Падјај, дизајниран од страна на Jacob Innovations Inc. е одговор на долгоочекуваното прашање како да се интегрира ефикасен масовен начин на патување во урбана средина без создавање на дополнителен метеж во околината.

Сето тоа е изведено во еден минималистички стил – возот го држат во подигната положба две тенки метални конструкции со што не создава негативен импакт на целокупниот сообраќај во градот. Возилата што ќе се движат на подигнатата структура ќе имаат просечна брзина од 100 километри на час. Според креаторот, инфраструктурата за возот може да се изгради многу брзо и за ниска цена со користење на столбови од бетон на различни страни на тротоарот коишто ќе ги поврзуваат подигнати лакови.

Падјај минатиот месец го презентираше својот cTrain концепт на 14-тата Светска конференција за транспорт во Кина. Следниот месец тој ќе ја покаже својата идеја на MIT кампусот во Бостон пред лидери од повеќе бизниси, непрофитни организации, влади од повеќе држави и светски патници.