Технолошката компанија WobbleWorks со седиште во Бостон престави нова надградена верзија на своето пенкало 3Doodler, пишува Dezeen. Новото 3Doodler Pro пенкало може да црта во воздух користејќи композити од бакар и дрво.
Пенкалото работи на сличен метод како 3D принтерите и функционира како пиштол со топол лепак од којшто излегуваат линии во чија основа е пластика. Материјалот потоа се лади и стврднува формирајќи стабилни структури.
3Doodler Pro работи со широк спектар на материјали како поликарбонат и најлон и пластични композити од дрво, бакар и бронза. Истите содржат висок процент од вистинскиот материјал и можат да се измазнат и исполираат откако ќе излезат од пенкалото. Пенкалото има и контролори за температура и брзина со цел корисниците да знаат колку брзо се суши материјалот. Температурата е прикажана на LCD екран.
WoobleWorks досега има продадено 750.000 верзии од своите пенкала, а цената на најновиот производ изнесува 249 долари.