FDA ги забрани антибактериските сапуни

56

tecen-sapun

Фото: Pixabay

Американската агенција за храна и лекови (FDA) објави дека забранува одредени антисептички средства за лична хигиена, по откритието дека не се поефективни од обичниот сапун и вода во спречувањето на болести. Ниту компаниите коишто ги прават овие производи не потврдиле дека се безбедни за долготрајна употреба, којашто може да биде причинител за резистентност кон бактериите или хормонални проблеми.

Производителите имаат рок од една година да ги преработат течните сапуни, геловите за миење, обичните сапуни коишто содржат 19 активни состојки, како триклосанот и триклокарбанот. Забраната не се однесува на средствата за дезинфекција што се користат за медицински цели. Според FDA, компаниите треба повторно да ги испитаат и соединенијата бензалкониум хлорид, бензетониум хлорид и хлороксиленол, за истите да можат да бидат вклучени во сапуните, геловите и слично.

Миењето со обичните средства останува еден од најважните чекори што луѓето можат да го направат со цел да се заштитат од болести и ширење на зарази, велат од FDA. Доколку сапун и вода не се достапни во моментот, се препорачува средства за миење коишто содржат 60% алкохол.