Министерството за економија, преку обука за начините и можностите за идентификација, подготовка и реализација на мерки за енергетска ефикасност, ќе укажува на потенцијалот за штедење енергија кај малите и средни претпријатија, јавува Миа.
Обуката, што почнува денеска, е почеток на кампањата Развој на енергетски конкурентно и одржливо стопанство – ЕКОС на Министерството за економија, што ќе ја спроведува Центарот за енергетска ефикасност МАЦЕФ.
Обуката е наменета за технички лица одговорни за тековно работење и одржување опрема во производни одделенија и објекти во надлежност на претпријатија.