Catalyst E2 – електричен автобус што поминува 1.000 километри со едно полнење

47

proterra-catalyst-bus-2

Американската компанија за производство на електрични возила Proterra веќе некое време работи на своите електрични автобуси со нула емисии на штетни гасови. Последното нивно издание е Catalyst E2 – автобус што може да помине 966 километри со едно полнење, пишува New Atlas.

Ова електрично возило неодамна беше тестирано во Јужна Каролина, САД. Неговата батерија е со капацитет од 440 до 660 kWh, а според компанијата неговиот номинален опсег од 312 до 563 километри може да ги замени автобусите што моментално сообраќаат во земјата, па и во светот.

Извршниот директор на компанијата, Рајан Попл, вели веќе не е прашање кој прв ќе ја примени оваа технологија, туку кој последен ќе се приклучи на чистиот, ефикасен и одржлив начин на превоз.