Регионалниот лидер во областа на здрава храна, суплементи, спортска облека и фитнес опрема, повторно подготви акција за поттикнување на здрав и активен живот. Во согласност со тековната кампања Живееме здраво, Polleo Sport ги мотивира луѓето да се вратат на редовното вежбање по летните одмори со иницијативата Back to gym.
„Со завршувањето на летото сите ние полека се враќаме на редовните обврски, правиме планови, зацртуваме нови цели. Целта на Back to gym акцијата е да ги потсетиме луѓето да ги вметнат вежбањето и грижата за здравјето во нивните секојдневни планови. Со цел да дадеме поддршка на сите оние кои сакаат да почнат или да му се вратат на вежбањето во септември, обезбедивме одлични цени на дел од нашите производи кои се неопходни за максимизирање на ефектите од физичките активности“, објаснуваат од Polleo Sport.
Акцијата ќе трае од 15.09. до 15.10., а ќе опфаќа внимателно избрана група на 30-тина производи од премиум брендовите кои можат да се најдат во продавниците на Polleo Sport. Првите 100 купувачи ќе бидат дополнително наградени со Лав Клуб картички со кои ќе добијат 10% попуст за секое следно купување.