Амстердам ќе добие самоуправувачки возила на вода

153

AW0xyPMKKIl9iNXI4Hqs7P_o_XKc0BQZi7lKQSU06Ak.0Следната година во главниот град на Холандија, Амстердам, ќе се тестираат бродови што самостојно ќе се управуваат низ каналите. Станува збор за еден вид на роботи коишто ќе можат да пренесуваат луѓе, материјали и намирници без човечка помош.

Проектот е замисла на Институтот за технологија на Масачустетс (MIT), САД, потпомогнат од властите на Амстердам, техничкиот факултет во Делфт, Холандија, и општината на градот Бостон. Истражувачите најавија дека првите вакви возила ќе биде претставени во 2017 година, јавува Reuters.

Roboat-Senable-City-1.0

Иако ќе бидат тестирани различни модели, основниот дизајн наликува на квадрат со подвижна платформа, со големина од речиси два метри од двете страни. Ќе можат да се прилепуваат еден до друг според потребите, како на пример, да формираа привремен мост. MIT досега има донирано 29 милиони долари за проектот што би требало да внесе нов момент во животот на метрополата.

Untitled

Научниците се надеваат дека овие самоуправувачки возила ќе најдат примена и во други градови сместени близу реки.

Фото: The Verge