Денеска започнува донаторска акција за опремување на Детското одделение во Општата болница во Куманово, иницирана од најголемиот македонски производител на леб и брашно, Жито Лукс. Во следните три месеци, со секој купен производ на Жито Лукс во Куманово, компанијата ќе одвојува средства што ќе се донираат за детското одделение.
“Целта на оваа хуманитарна акција е заедно со граѓаните на Куманово да помогнеме детското одделение во општата болница да добие подобри услови за лекување на најмалите. Неодамна организиравме ваква хуманитарна кампања заедно со граѓаните на Тетово и таа помош беше повеќе од добредојдена. Затоа верувам дека и овој пат ќе успееме и се надевам дека барем малку ќе го олесниме престојот за децата кои се лекуваат во Кумановската општа болница”, истакна Лидија Трајковска Ристовска, менаџер во секторот за маркетинг на Жито Лукс.
Жито Лукс преку ваквите хуманитарни кампањи се залага за подобрување на условите во различни општествени сегменти. Нивната општествена одговорност и грижата за заедницата се покажува како еден од приоритетите во работењето и ветува продолжување на ваквите акции што имаат улога да придонесат за подобар и поквалитетен живот за сите граѓани.