Кофола и Подравка потпишаа купопродажен договор за Студенац

174

studenac

Хрватската компанија Подравка потпиша купопродажен договор за Студенац со сопственикот на Раденска, чешката компанија Кофола.

“Кофола ЧешкоСловенско, еден од водечките европски производители и дистрибутери на безалкохолни пијалаци и Подравка потпишаа купопродажен договор за купување на удел во компанијата Студенац, минерална вода со традиција. Оваа најнова одлука ќе ја зајакне позицијата на Кофола во регионот. Откако сите предуслови ќе бидат задоволени, а договорите на работниците пренесени на Студенац, Раденска ќе го преземе деловниот удел во компанијата Студенац, што ќе се случи до крајот на оваа година“, стои на официјалната страница на Подравка.

Според Звонимир Мршиќ, претседател на управата на Подравка, растот и развојот на неговата компанија се базира на деловните програми со меѓународна перспектива.

“Внимателно го направивме изборот на компанија којашто ќе има сериозни намери да го унапреди досегашното работење на наведената програма, а притоа во целост да води сметка за правата на работниците. Со задоволство можам да констатирам дека таков партнер пронајдовме во компанијата Кофола“, изјави Мршиќ.

kofola i podravka

За извршниот директор на Кофола, Јанис Самарас, склучувањето на овој договор означува понатамошен раст на компанијата.

“Студенац има сѐ она што бараме кај еден бренд: богата историја и лојални купувачи. На Студенац му е потребна ревитализација, а тоа нешто што најдобро знаеме да го направиме“, вели Самарас.

Кофола ЧешкоСловенско е еден од водечките европски производители на безалкохолни пијалаци со осум производни погони и 1.900 вработени во Словачка, Чешка, Словенија, Хрватска и Полска.