Телефонски говорници во Велика Британија трансформирани во мини канцеларии

115

telefonski govornici

Некои од препознатливите црвени говорници во Велика Британија се трансформираат во мали канцеларии, јавува Reuters.

Компанијата Pod Works е задолжена за пренамената на култните говорници, коишто се опремени со интернет приклучок, телефон, принтер, скенер, како и бесплатно кафе и чај. Првата ваква канцеларија е отворена во Лондон овој месец, а се очекува отворање на уште неколку мини канцеларии низ повеќе градови во октомври.

pod works

Користењето на црвената минијатурна канцеларија чини 32 долари месечно.

Бројот на телефонските говорници со текот на времето драстично се намали, а дел од нив се претворени во библиотеки или кафулиња.