Во организација на ЦЕЕД Косово, вчера во Приштина се одржа регионална Б2Б (business to business) средба помеѓу компании од Македонија, Косово и Албанија.
Настанот го отвори г. Крешник Леши, директор на ЦЕЕД Koсово, а зборуваа и г. Ендру Расел, координатор за развој на ОН и постојан претставник на УНДП во Косово, како и сопственици на неколку косовски компании.
Од Македонија присуствуваа нешто повеќе од 20 претставници, сопственици и менаџери на компании, членови на Клубот на ЦЕЕД Македонија и учесници во Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, кофинансиран од Владата на Швајцарија. Тие имаа можност да остварат контакти со колеги од албански и косовски компании на кратки ротирачки состаноци од по три минути, а потоа имаа средби со компании со коишто можат да остварат соработка.
Средбите од ваков вид се многу важни, особено за помалите бизниси, затоа што овозможуваат претприемачи од различни земји да се запознаат едни со други, да ги претстават своите производи/услуги и да разговараат за потенцијални заеднички бизнис соработки.