Организацијата Македонија 2025 во соработка со Schulich School of Business од Канада оваа година ќе им овозможи на шест македонски менаџери да посетат курсеви во Schulich Executive Education Center и истовремено да остварат работни посети во канадски компании.
Инаку Schulich School of Business е дел од York University од Торонто и е рангирана меѓу топ 10-те светски Бизнис школи според Financial Times, Forbes Magazine, BusinessWeek, The Wall Street Journal и the Economist
“Предавачи на школата се и менаџери и професори, секој од нив истакнат лидер и иноватор во своето поле. Развојот на извршните директори е фокусиран на принципот just-in-time учење, фокусирано, практично и веднаш апликативно во однос на моменталните задачи”, се вели во соопштението на Македонија 2025.
Стипендијата е во износ од 12.000 – 15.000 канадски долари и се состои од можност за посета на пет курса, кои стипендистот би ги избрал од над 120 курсеви чии содржини се апликативни за сите индустрии и сектори.
Курсевите се наменети за извршни менаџери од Македонија, кои имаат минимум универзитетско образование и пет годишно работно искуство. Рокот на пријавување за програмата е 15 март 2013.
Заинтересираните можат да се информираат на следниот линк http://www.macedonia2025.com/activities/single/124 или да ја контактираат канцеларијата на Македонија 2025 на [email protected].