ОПЕК го намалува светското производство на нафта

44

nafta

Организацијата на земји извознички на нафта и нафтени деривати (ОПЕК) за прв пат по осум години одлучи да го намали производството на “црното“ злато, пишува CNN Money.

Глобалната презаситеност од понуда на нафтата предизвика намалување на нејзината цена во последните две години. Но, ОПЕК, предводена од Саудиска Арабија, не се согласуваше на намалување на производството на нафта.

Согласно договорот, земјите членки на ОПЕК се очекува да го намалат производството на 32,5 до 33 милиони барели нафта дневно од досегашните 33,4 милиони барели нафта. Саудиска Арабија, којашто е најголем производител на нафта во светот, се очекува да нуди на пазарот околу 350.000 барели дневно.

Во ОПЕК членуваат 14 земји извознички на нафта: Алжир, Ангола, Еквадор, Габон, Индонезија, Иран, Ирак, Кувајт, Либија, Нигерија, Катар, Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Венецуела.