Sisyphus – масичка што создава уметнички дела со песок

90

58284a1e125a63b7dced4f3597fba115_original

Sisyphus е целосно функционална масичка каде што се споени кинетичка уметност, технологија и дизајн. Креатор е Американецот Брус Шапиро кој ја оставил својата работа како медицинско лице, со цел да се посвети на автоматиката и нејзината примена во уметноста и образованието.

Тој креира вакви Sisyphus (Сизиф) скулптури речиси 20 години и веќе има изложено големи инсталации во Швајцарија, Германија и Австрија. Масичката има на себе тенок слој на песок под стаклената површина на горниот дел. Под неа се наоѓа робот со два мотора наречен Sisbot којшто го управува магнетот што е поврзан со челично топче. Ова челично топче исцртува уметнички дела на песокот.

Моторите се контролирани од малечок Raspberry Pi компјутер што е програмиран да црта серија на патеки, слично како што музички плеер свири мп3 фајлови. Sisyphus нема прекинувач, корисникот само треба да ја вклучи во струја и таа автоматски почнува да црта уметнички форми.

Формите можат да се контролираат, односно да се избере омилена од листата. Исто така, корисникот може да одбере и брзина на движењата и начин на осветлување преку мобилна апликација или преку пребарувач за да се поврзете со Sisyphus преку WiFi.

Шапиро и неговиот тим имаат своја кампања на платформата за финансирање Kickstarter, каде досега се собрани 239.212 долари од побараните 50.000. Кампањата завршува на 24 октомври.