Нa странските филмски продуценти што ќе се одлучат да снимаат на сетови во Словенија, владата ќе им враќа четвртина од вкупните трошоци. Ваквата одлука е донесена во насока на промоција на домашниот туризам, пишува filmneweurope.com.
Како трошоци се сметаат сите трошоци на продукцијата (хотели, логистика, наем, услуги, храна, сметководствени и правни услуги итн.). Прифатливи се повеќе видови на филмски и телевизиски проекти: играни филмови, анимација, документарни филмови, ТВ серии, додека ситкоми, реклами и порнографија нема да се субвенционираат.
Средствата за исплата на субвенции се обезбедени во посебна ставка од буџетот и ќе се издвојуваат еден милион евра годишно. Доколку овој потег се покаже успешен, буџетот може да се зголеми.