По Гавриловиќ, и Подравка и Дукат ќе се селат во БиХ?

42

PodravkaПоради останување на пазарот во земјите од ЦЕФТА по влегувањето на Хрватска во Европската унија, интерес за инвестирање во Босна и Херцеговина, освен компанијата Гавриловиќ, покажаа Подравка, Дукат и уште неколку хрватски компании.

“Се повеќе компании од Хрватска изразуваат интерес свои погони да отвораат во БиХ и овде да организираат производство. На тој начин и понатаму под поволни услови ќе им бидат достапни пазарите на земјите од ЦЕФТА”, наведуваат од министерството за трговија и економски односи на БиХ.

Компанијата Гавриловиќ најави дека дел од производството ќе го пресели во БиХ, за да не ги изгуби пазарите на земјите од ЦЕФТА.

По влегувањето во ЕУ, Хрватска ќе мора да ја напуштат ЦЕФТА, во која остануваат Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Молдавија.