На веб страната за креативни проекти, Kickstarter, пред некое време се појави ново решение за заштита на екраните на паметните уреди. Имено, оваа заштита која е наречена Rhino Shield има дебелина од само 0,029 сантиметри и е отпорна на гребаници и флеки.
Заштитата нуди голем капацитет на апсорбирање на удари и одлична транспарентност на материјалот.
Rhino Shield може да се нарача преку Kickstarter за неколку телефони на производителите како што се Samsung, Apple и HTC.
Покрај одличната заштита од гребаници, заштитниот слој не дозволува на екранот да се познаваат отпечатоци од прсти, што го прави многу едноставен за одржување.