Студентите на Факултетот за електротехника и информациски технологии во Скопје ја организираат четвртата Студентска конференција за енергетска ефикасност и одржлив развој – СКЕЕОР.
Конференцијата ќе се одржи од 24-ти до 26-ти ноември 2016 година на Факултетот за електротехника и информациски технологии, во соработка со МАКО – СИГРЕ и македонската секција на ИЕЕЕ (Институт за електроинженери).
На конференцијата ќе се презентираат студентски трудови и ќе се организираат пленарни предавања од професори и компании поврзани со електроенергетската ефикасност и одржлив развој.
Со одржување на конференцијата, според организаторот, ќе се подигне свеста за потребата од енергетска ефикасност и одржлив развој, посебно кај студенттие, ќе се овозможи научно-истражувачка работа на глобални теми, размена на искуство и знаење со експерти и можности за остварување контакти на различни нивоа.
На минатогодишниот СКЕЕОР беа објавени околу 40 трудови со меѓународен карактер, учество на студенти и професори од светски универзитети, пленарни предавања.