Компанијата 11 Ravens, со седиште во Лос Анџелес, креираше футуристичка маса за љубителите на пинг понг, стои во соопштението на компанијата.
Наречена е Avettore, а истата може да послужи и како софистицирана трпезариска маса. 11 Ravens има и верзија што се претвора и во маса за билијард.
Масата ја има во неколку бои и комбинации од материјали според желбите на клиентот. Avettore може да се нарача на веб страната на компанијата, 11Ravens.com, а цените се движат од 26.000 до 48.000 долари. Секоја од овие маси е рачно изработена од одржливо дрво. Површината за играње е направена од меланинска смола, специјален материјал што не се гребе и оштетува. Достапна е и ограничена верзија од десет маси изработени од црна кожа и плексиглас.