Fitpass, старт – ап што ќе ја поттикнува физичката активност во Романија

100

fitpass romania

Fitpass е шведско – романски старт – ап, чија цел е поттикнување на поголема физичка активност на жителите на Романија, пишува Romania Insider.

“Во споредба со другите европски земји, спортските активности во Романија не се многу популарни, односно само 1% од жителите редовно практикуваат некаков спорт. Веруваме дека романскиот пазар има голем потенцијал за раст и се надевам дека цените и изборот на активности што ги нудиме, ќе ги инспирираат Романците да имаат активен животен стил“, вели Густаф Корниас, извршен директор на Fitpass.

Целта е сите оние кои имаат желба за вежбање да се поврзат со спортски или фитнес центри што се наоѓаат во нивна близина. Во овој момент Fitpass соработува со повеќе од 80 фитнес центри и спортски асоцијации во романската престолнина, Букурешт.