Philips: За сите супер херои во секојдневниот живот

41

reklama

Не ви треба посебна моќ за да бидете супер херој во секојдневниот живот. Ова видео на Ogilvy & Mather London за компанијата Philips е правено според вистинска приказна, за чистач на прозорци кој се облекувал како Човекот – пајак за да ги забавува болните дечиња. Тој верувал дека со тоа што ќе ги забавува децата, побрзо ќе оздрават. За него, смеата некогаш е најдобар лек.