Пиво во прав – изум на данска пиварница

48

piva casi razlicni

Данската пиварница To Øl, преку процес на замрзнување и сушење ги елиминира шеќерите, протеините и мастите во пивото, по што се добива пиво во прав што може да се консумира само со додавање на вода, пишува Copenhagen Post.

Од пиварницата велат дека нивниот изум ќе им помогне на луѓето да уживаат во пивото каде и да се наоѓаат. Ова пиво има четири различни вкусови.

Карактеристичниот вкус на пивото се враќа штом правот се потопи со вода, но за да се постигне целосен ефект на традиционалното пиво, неопходно е да му се додаде и алкохол.

Пиварницата е основана во 2010 година и веќе е позната по производството на необични видови на пиво – со арома на кафе или различни видови на тропско овошје.