Словенечката компанија Smartdome Constructions разви линија на модуларни куќи, налик на куполи коишто можат да се инсталираат скоро на секоја локација и да се вклопат во околниот пејзаж, пишува Inhabitat.
Компанијата претстави четири модели: Aquadome за водена околина, Treedome за шумска околина, Snowdome за предели каде има зимски услови и Skydome за простран поглед.
Куполите се изградени од челична конструкција во комбинација со иверка отпорна на влага. Купувачите може да изберат помеѓу делумно транспарентни или целосно нетранспарентни модели, коишто се обложени со минерална волна. Сите модели се поставени на платформа од челични столбови со што мошне лесно може да се постават на нерамни терени.
Цел на компанијата е да стане лидер во производството на тематски села како Ski village на Алпите или Hobbit village.