Меѓународен бизнис хакатон во Љубљана – предизвик за претприемачи и од Македонија

42

Argeta Hackathon_bright_humb

Организацијата Business Intelligence Center, заедно со ABC Accelerator, организира Меѓународен бизнис хакатон, којшто претставува дводневен натпревар за решавање на бизнис предизвици во Љубљана, Словенија.

Станува збор за меѓународен бизнис маратон, односно натпревар меѓу индивидуалци, поделени во групи, чија задача ќе биде решавање на одредени бизнис проблеми.

Организаторите повикуваат млади и амбициозни претприемачи и менаџери да се вклучат во хакатонот. За да може да бидат дел од настанот потребно е да исполнуваат одредени услови: најмалку една година работно искуство и универзитетска диплома. Може да бидат од различни индустрии и од повеќе нивоа на менаџмент.

Наградите оваа година се: HBX стипендија од Harvard Business School, парична награда од 2.000 евра, MBA Entrepreneurship модули oд Cortuglu Business School и други.

Заинтересираните можат да се пријават за хакатонот преку онлајн апликација. Потоа, кандидатите ќе имаат кратко интервју со претставници од организаторите. Избраните кандидати ќе добијат конфирмација преку електронска пошта.