Резервирајте десет, а платете девет од услугите на Мериот низ цела Европа

113

meriot

Marriott International започнува кампања со попусти и бенефиции за корисниците на конференциските, хотелските и кетеринг услугите во хотелите на Мериот низ европските градови. Наречена „Резервирајте 10, платете 9“, оваа кампања ја дава бесплатно секоја десетта групна резервација за соба, термин за настан или пак кетеринг услуга. Кампањата важи за групни резервации со минимална потреба од 10 соби по ноќевање и за настани со кетеринг услуга за најмалку 10 лица.

Промотивниот период и достапност на оваа ексклузивна понуда започнува на 1 ноември 2016 година и ќе трае до 31 март 2017 година. Овој период се однесува и на закажување на терминот, но и на користење на услугите, изнајмување на собите, организирање настан или коктел. Понудата се однесува на стандардните конференциски пакети и/или групни резервации на соби. Кампањата „Резервирајте 10, платете 9“ е достапна за хотелите на Мериот лоцирани во Европа.

Дополнително, Мериот ни ја нуди и платформата meetingsimagined.com, за бројни инспирации и креирање настани со додадена вредност. Преку оваа платформа можат да се добијат совети, сугестии и решенија за детално и беспрекорно планирање корпоративни или приватни настани и свечености.

Мериот Хотели, брендот со потпис на Marriott International, го отвори својот прв хотел на Балканот, во Македонија. Скопје Мериот хотел се отвори во месец мај годинава, лоциран на плоштадот Македонија, во срцето на деловниот и културен центар на градот, експертски дизајниран, со цел да го понуди најдоброто од комфорот и стилот.