Цените на горивата непроменети и во следните две недели

36

benzin

Цените на горивата не се менуваат и во следните две недели, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 63 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС – 98 и во следните две недели ќе биде 65 денари за еден литар. Дизел горивото Еуродизел (Д-Е V) ќе се продава по 50 денари за литар.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 денари за литар, додека цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,513 ден/кг и ќе чини 24,591 ден/кг.