Новиот Golf 7 се закити со престижната титула Европски автомобил на годината за 2013, откако освои најмногу гласови од жирито составено од 58 автомобилски новинари од 22 европски земји, еден ден пред отворањето на Автомобилскиот саем во Женева. На 50-тото издание на реномираната европска манифестација во која секоја година се наградуваат најдобрите нови автомобили – Европски Автомобил на годината за 2013, Golf 7 извојува убедлива победа со вкупно 414 поени доделени од стручното жири и е единствениот модел кој по втор пат ја добива оваа врвна награда.
Високата функционалност, елегантниот дизајн, импресивната безбедност, технолошките иновации, економичноста и извонредната удобност беа карактеристиките на Golf 7 кои ги освоија симпатиите на стручното жири и придонесоа оваа врвна награда да му припадне токму на овој модел. Од номинираните 8 финалисти кои беа тестирани, споредувани и евалуирани во последните неколку месеци, Golf 7 од жирито доби вкупно 414 поени, второто место го завземаа Toyota GT86/Subaru BRZ со речиси двојно помлку поени – 202 , а на третото место е Volvo V40 со 189 поени.
“Особено сме горди што најновата верзија на Volkswagen – Golf 7, го доби ова престижно признание. Наградата Европски Автомобил на годината за 2013 е одлично надополнување на листата на награди кои веќе ги добивме. Се надеваме дека Golf ќе ја продолжи својата успешна приказна”, изјави проф. др. Мартин Винтеркорн, претседател на Управниот одбор на Volkswagen групацијата.