Сириска куќа од 25 квадрати “сместена“ во продавница на Ikea

59

sirija-kuka-ikea

Реплика од куќа во Сирија беше отворена во продавницата на Ikea во Норвешка, пишува Adweek.

sirija-kukja-ikea

Целта беше да се сврти вниманието на јавноста за состојбата во којашто се наоѓаат луѓето и нивните домови во Сирија, а во исто време и да се соберат донации наменети за Црвениот Крст.

sirija-kuka-ikea-1

Во овие 25 метри квадратни простор, Ikea направи реплика од типичен дом во Сирија којшто е руиниран од војната. Репликата го илустрира недостатокот од вода, медицински материјали и чиста вода. Оваа инсталација беше отворена од 17 до 31 октомври, а ја посетуваа околу 40.000 луѓе неделно, со чија помош беа собрани 22 милиони евра.

Репликата на сириската куќа ја направи маркетинг агенцијата POL од Норвешка.