Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2016 година, во однос на третото тримесечје од 2015 година, е зголемено за 1,7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Зголемување на шумското производство е забележано кај друго обло дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај огревното дрво од листопадни видови.
Намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови, рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, огревно дрво од иглолисни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки.