Македонската маркетинг агенција Brand Union од денеска е официјален Google Partner.
Brand Union стана дел од одбраното друштво на Google Партнери исполнувајќи ги критериумите за стручност, знаење и покажани долгорочни резултати за своите клиенти со што се најде на листата на Google Партнери: http://bit.ly/BrandUnion_GooglePartners.
Google Partners е програма за маркетинг агенции, специјалисти за дигитален маркетинг и консултанти кои работат и менаџираат AdWords онлајн кампањи. За една агенција да стане носител на беџот потребно е да има онлајн професионалци сертифицирани од Google, како и да ги исполнува условите кои ги налага Google вклучително постигнување добри резултати при управување со кампањите на постоечките клиенти на подолг период и континуирано одржување и зголемување на базата со клиенти.
„Добивањето на Google Partner беџот е потврда за вложениот труд и издвоеното време за усовршување и специјализирање во сите дејности во кои работиме заедно со нашите клиенти. Признанието е резултат на секојдневното партнерско работење со нашите клиенти, следење и оптимизирање на рекламните кампањи, изнаоѓање на креативни решенија, прилагодување на трендовите во онлајн маркетингот како и интегрирање на онлајн активностите во маркетинг кампањите на клиентите со цел да се добијат најдобрите резултати за вложените средства“, изјави Оливер Новески од Brand Union, стои во соопштението.
Агенциите кои се дел од Google Partners програмата добиваат пристап до дополнителни тренинг програми, настани и промотивни понуди како додадена вредност за постоечките и идните клиенти.