Бензините и дизел горивото од ноќеска поевтинуваат за три денари, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Еден литар Еуросупер БС – 95 ќе чини 60 денари, додека новата цена на Еуросупер БС – 98 ќе изнесува 62 денари. Новата цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 47 денари за литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,50 денари.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,644 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 31.10.2016 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 21,947 ден/кг.