Иновативни чамци за контрола на подводната структура на мостовите

62

inovativen-camec

Тим од експерти од Колеџот за инженерство и компјутерски науки при Универзитет Флорида Атлантик, создадоа беспилотни чамци за ефикасна и безбедна контрола на мостови, пишува на официјалната страница на Florida Atlantic University.

Редовната проверка на мостовите досега ја вршеа нуркачи кои ги проверуваат подводните делови, што може да биде долготрајна, скапа и опасна работа.

Поради тоа, професорот Карл вон Еленридер и неговиот тим работат на создавање беспилотни паметни чамци опремени со подводни камери коишто ќе можат да ја проверуваат подводната структура на мостовите. Доколку се откријат одредени оштетувања, ќе се направат дополнителни снимки за да можат експертите да го утврдат проблемот и да се активираат нуркачите.