Овој краток филм, направен во знак на поддршка на книгата Смени го зборот, смени го светот (Change Your Words, Change Your World) на писателката Андреа Гарднер, ја илустрира моќта на зборовите и нивното влијание врз промените во животот.
Преку зборовите комуницираме секој ден, ги изразуваме нашите чувства и мисли, но честопати забораваме колку тие се моќни и колку е важно внимателно да ги избираме ако сакаме животот да ни е исполнет со љубов, среќа и успех.
Од изборот на вистинските зборови зависи иднината.