РЖ Институт во текот на деветте месеци од оваа година работеше со загуба од 9.435.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Истиот период лани, РЖ Институт прикажа загуба од 48.210.000 денари.
Во периодот јануари – септември оваа година, вкупните приходи од продажба беа на нив од 71.579.000 денари. Поголемиот дел од 70.523.000 денари е остварен на домашен пазар, додека остатокот од 1.056.000 денари е реализиран преку извоз.
РЖ Институт се занимава со производство на алуминиум и алуминиумски гранули, огноотпорни материјали за потребите на челичната индустрија, песоци за пескарење и за кочни систем, индустриска вар.